28.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаХоландскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина...

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина во Охрид.

Холандскиот турист кој за малку ќе го загубеше животот поради тоа што немало серум во болницата во Охрид, бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Саљмоиловата тврдина, објави денеска Алсат ТВ.

Среде лето болницата во Охрид остана без серум, односно анти-отров за змии, кој се дава на пациенти каснати од змии. Поради ова турист од Холандија, кој бил на одмор во Охрид, морал итно да биде пренесен во Дибар.

Џетлумт Пашоли – директор на болницата Дибар рече дека со серум биле снабдени на почетокот на оваа година.

„Болницата распишува тендер и секој тендер има свој рок. Некои болници отвараат тендери порано, некои подоцна, некои побрзо ги трошат резервите. Се случува да има, да нема. Но, ова е само за кратко време. Секоја година имаме седум-осум граѓани каснати од змии“, изјави Пашоли.

Лекарите велат дека доколку овој лек не се даде во рок од три до четири часа, може да дојде до смрт. Директорот на охридската болница Асен Шајн не одговара на телефонските повици. Сепак, болнички извори за Алсат велат дека вакви серуми се набавени во мал број. Деновиве се потрошиле бидејќи имало повеќе каснати од змии.
Во меѓувреме се дознава дека болницата е снабдена со серум. Во Итниот број 112 на КМК се повеќе се јавуваат за присуство на змии во згради и станови. Центарот за управување со кризи апелираше до граѓаните да бидат внимателни.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во...

Србин ја истепал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија.

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука,...

Бебе во тешка здравствена состојба оставено на улица во Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница. Настанот бил пријавен синоќа...

Малолетниците кои беа најдени дрогирани се во стабилна состојба

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово...