28.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаСветПрезентирано првото албанско оклопно возило "ШОТА"

Презентирано првото албанско оклопно возило “ШОТА”

Албанската компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност „Еуросатори“ во Париз.

Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“.

Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, како и дека веќе имало голем интерес од странски земји и за производство на дронови.

Возилото ќе биде претставено на саемот во Париз од 17 до 21 јуни. Отсега имаме голем интерес бидејќи ни резервираа многу состаноци, не само за ова возило, туку и за другите наши производи. Многу голема побарувачка имаме за дронови. Компании од Полска, Чешка, Украина со задоволство градат фабрики овде во Албанија за производство на воени дронови, изјави Пуца.

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени, извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија.

Сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од најмалку 25 милиони евра, а во период од 10 години, се ослободени од данок на добивка а ќе плаќаат ДДВ од 10 отсто.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во...

Србин ја истепал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија.

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука,...

Бебе во тешка здравствена состојба оставено на улица во Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница. Настанот бил пријавен синоќа...

Малолетниците кои беа најдени дрогирани се во стабилна состојба

Во свесна состојба се сите четворица малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово...