28.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаДанела: Град Скопје не се надлежни за змиите !!

Данела: Град Скопје не се надлежни за змиите !!

Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии или други влекачи или глодари, велат од Град Скопје.

-Во член 15 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје јасно е утврдена обврската на општините во градот за дератизација и дезинфекција, односно десетте општини се надлежни за дератизација и дезинфекција на населените места на својата територија.
Дератизација е збир на процедури кои се спроведуваат со цел да се уништат опасни штетници и можни носители на одредени заразни болести. Дезинфекцијата е постапка насочена кон уништување на најголемиот број на несакани микроорганизми со различни физичко-хемиски средства.

За појаснување со член 10 став 1 точка 4 од Законот за Град Скопје, утврдена е единствено надлежноста на градот за дезинсекција, како збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите, велат од градот.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Повредата на бебето е настаната при земање крв за анализи“: Комисија ќе го истражува случајот на Детска клиника

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе. МАКЕДОНИЈА ВО ПОНЕДЕЛНИК „Повредата на бебето е настаната при земање крв за...

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во...

Србин ја истепал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија.

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука,...

Бебе во тешка здравствена состојба оставено на улица во Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница. Настанот бил пријавен синоќа...