25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска се празнува Светиот пророк Илија

Денеска се празнува Светиот пророк Илија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината, та во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Јерусалим, додека Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела, затоа што тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Згора на тоа, Језавела, која беше Сиријка, го наговори мажот и да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред смртта го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија....

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...