24.9 C
Ohrid
четврток, септември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаАнита Стојова од женското одделение на Идризово: Го убив сопругот на спиење...

Анита Стојова од женското одделение на Идризово: Го убив сопругот на спиење со токмак

Алфа влезе во женското одделение на Идризово.Осуденичките се растрчаа и пикнаа по собите криејќи се од камерата, а најхрабрата од нив, се осмели да зборува. Ја начекавме, откако веќе си го имаше сварено попладневното кафе.

После 12 години боксови, тупаници, секојдневно физичко и психичко тортурирање, последниве 3 години се чувствува безбедно. Има кој да ја сослуша, а и никој не ја тепа ниту малтретира. 42 годишната Анита Стојова од Тетово е осудена на 8 години затвор и лежи во Идризово зашто на спиење го убила сопругот кој повеќе од една деценија се изживувал со неа. Пријавувала, но залудно. Ниту една институција на време не презела ништо.

Условите во Идризово не се сјајни, но персоналот со неа е грижлив, раскажува Стојова. Освен затворскиот персонал, Стојова добива искра топлина и од затворските миленици, кучињата и мачките што се вртат околу женското одделение.

42 годишната тетовчанка првостепено била осудена на 5 години, но откако обвинителството се пожалило за казната и тврди дека таа со умисла го убила сопругот, Апелација ја досудува на 8 години затвор.

Анита Стојова не е единствена жртва на семејно насилство на која и пукнал филмот и го убила сопругот што ја тепал, барем по нејзините тврдења.

Судот ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Иловска, која со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа одговараше за кривично дело убиство во миг.

Според статисиката на МВР, во последните 4 години над 90 отсто од насилниците се мажи, а жртвите најчесто се жени, поточно сопруги или мајки. Во овој период се убиени 22 лица во случаи на семејно насилство.

Од 2020 наваму секоја година расте бројката на кривични пријави за семејно насилство. Само во 2023 имало 1082 пријави, но бројките се далеку од реалните, оти според невладините, само 2 отсто од жртвите се охрабруваат да пријават во полиција. Друг проблем е што 80 проценти од оние кои пријавуваат, потоа се повлекуваат од кривично гонење. Жртвите прозборуваат само кога последиците од ќотекот ќе станат видливи.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување. Илија Андонов...

На нива во општина Врапчиште експлодирала рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива...

Ученици останаа без превоз, ЈСП нема пари за регистрација и ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина...

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а...