21.9 C
Ohrid
четврток, септември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаПриведен рекеташ од Скопје !!!

Приведен рекеташ од Скопје !!!

Приведено лице за изнуда

На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”.

Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “изнуда”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Илија Андонов Ченто, син на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов- Ченто, син на Методија Андонов- Ченто и министер во првата Влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување. Илија Андонов...

На нива во општина Врапчиште експлодирала рачна бомба, едно лице повредено

На 11.09.2024 во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива...

Ученици останаа без превоз, ЈСП нема пари за регистрација и ја исклучи линијата со број 33

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина...

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а...