23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаАвстралијаСвечена прослава на СВ Петка во Рокдаел

Свечена прослава на СВ Петка во Рокдаел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Текст и фотографии Славица Марцевска

<

Во четвртокот на 8ми Август најсвечено беше прославен патрониот верски празник на срквата СВ Петка во Рокдаел во присуство на голем број верници Македонци и од други националности и со литургија или богослужба одржана од руски и српски владици а и наши свештеници поканети од владиката Тимотеј и во организација на управата на црквата и млади активисти на чело со Александар Младеновски потпретседател во управата. Уште при влегувањето во црковниот двор посипан со ливчиња на разнобојни цвеќиња почесните владици и свештеници беа свечено пречекани од Отец Владо и членови на управата.

Богослужбата започна утрото во околу 8.30 часот внимателно следена од голем број верници внатре во црквата исто така во голем број во дворот По завршувањето на службата околу 13 часот следеше причесна за сите што сакаа да се причестат. Потоа Отец Владо ги покани на пригоден ручек сите што сакаат или можат да дојдат во горната сала на цррквата. Дојдоа голем број на верници можеби имаше триста или повеќе души заедно со гостите. Имаше убав ручек од вкусно јадење подготвено од од Лупчо Огненовски како и пред јадење за свештенството. Ручекот го благослови Отец Владо исто со поздравен говор се обрати и Александар Младеновски. Подпретседател на управниот одбор кој доста подолго време активно работи во управата заедно со многу други од помладата генерација.

Владиката на руската задгранична црква Г Георгиј на управата на Св петка и подарија икона Св Петка Параскева а исто и на владиката му беа дадеми подароци од управата на црквата. Сите убаво си поминавме со дружење и можност да се помуабетивме

Да ние за многу години славата СВ Петка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...