-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата на РМ

ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата на РМ

spot_img

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Македонија (АРМ).

Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, соопшти Советот на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Таа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, имајќи ја предвид целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се додава во соопштението.

Согласно одлуката, ЕПФ за АРМ ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, потоа логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи, а ќе обезбеди и техничка обука за користење на опремата.

Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година за финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.

Преку ЕПФ, ЕУ финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...