Министерот за здравство доктор Арбен Таравари деновиве очекува да го добие извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторатод вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот. Таравари смета дека албанската опозиција се обидува да прикаже дека откако „Вреди“ дошле на власт – се е катастрофа.
Министерот повтори дека здравството не може преку ноќ или за неколку месеци да се подобри.
Ова што се случува е, секако, последица на тоа што го наследивме. Меѓутоа, како и да е, не треба да се политизираат случаи кога детето било болно и навистина патологијата била тешка, бидејќи од менингоенцефалитис секаде на светот починуваат деца, за жал, па се случува и кај нас. Директорот покажа и статистика за морталитетот на клиниката, така што не е нешто спектакуларно како што прикажуваат. На некаков начин сакаат да го тргнат вниманието на јавноста од реалните проблеми, па како да го критикуваме Таравари или директорот на Детската клиника, ќе кажеме дека починало некое дете. Кога се работи за лекарски пропусти, ние презедовме чекори, но за тешки пациенти, кои имаат сериозни болести, болниците се место каде што се лекуваат и, за жал, некои луѓе и починуваат, рече министерот.