29.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски за вчерашните инциденти: Уапсени осум лица, меѓу нив еден малолетник

Тошковски за вчерашните инциденти: Уапсени осум лица, меѓу нив еден малолетник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека „уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме“.

<

Министерот вели дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

– Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвкаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици, рече Тошковски.

Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови.

Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...

Телеком Италија ги купи Сказните на Биби

Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија...

Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница– Затекна нечовечки услови за живот

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Констатирани се сериозни предизвици во...

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...