18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСтрумичани со наддавање собираа пари за деца со аутизам и комбе за...

Струмичани со наддавање собираа пари за деца со аутизам и комбе за лица со инвалидет.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стотина струмичани се јавија на првиот донаторски кружок на Центарот за истражувања и анализи „Новус“ за да донираат пари за иницијативите што ги покренаа три граѓански здруженија од регионот. Со подигање палки, граѓаните даваа по 500, 1.000 и 1.500 денари за да може да се реализираат работите што ги покренаа здруженијата „Мобилност“ од Струмица и ,,Говорот на срцето “ од Босилово и велосипедскиот клуб „Актив“.

<

„Мобилност“ покрена иницијатива да се соберат средства за да се поправи комбето со кое се превезуваат лицата со телесен инвалидитет. „Говорот на срцето“ побара средства за работилници за да им се помогне на родителите кои имаат деца со аутизам, додека ВК „Актив“ покрена иницијатива за проширување на кампингот на Беласица со нови бараки за престој и одмор на рекреативците- Јавува СДК.МК
.

„Нѐ радува интересот што се јави кај струмичани за донирање. Можеби за некого тоа се малку пари, но за здруженијата овие средства се повеќе од неопходни. Нашата цел беше да направиме мали дела на добрина со кои заеднички можеме да го подобриме животот во заедницата. Ова се иницијативи кои дојдоа од граѓанските здруженија. Тие ги преставија пред граѓаните кои сами одлучуваа каде да донираат. Ќе продолжиме и во иднина да организираме вакви донаторски кружоци оти само со заеднички сили можат да се подобрат нештата“, ни изјави Саве Џурновска од Центарот за истражување „Новус“ од Струмица.

Беа собрани околу 135.000 денари, што ќе одат за трите граѓански иницијативи од кои бенефит би имала целата заедница. Претставниците на здруженијата изразија благодарност и соопштија дека со овие средства ќе можат да ги отпочнат иницијативите, а ќе бараат средства и од други извори.
Извор: Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...