20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОд 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати...

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место, соопшти Минисерството за образование и наука (МОН) , презентирајќи ги резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено  во 2023, по петти пат во земјава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски.

<

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука.

Од МОН велат дека и оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата.

„Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители. Најавивме и во сѐ поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука.  Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем“, вели Министерството.

Б. НЕСТОРОСКА сдк мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...