1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

spot_img

Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

<

Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и туристички потецијали е многу значаен центар на Македонија и затоа заслужува да сјае како вистински бисер на развојот, во секоја сфера од живеењето.

Со големо задоволство, можам да кажам дека како посветена локална власт, во изминатите три години гордо чекориме по зацртаниот пат за напредок и обезбедување подобри услови во сите урбани и рурални средини.

Од десетте приоритетни проекти кои ги ветивме на почетокот на мандатот, девет проекти се финализирани или се во напредна фаза на реализација. Ова претставува исклучителен успех кој ја потврдува мојата доследност и големата ангажираност на тимот со кој работам.

Како прво и најважно, би сакал да потсетам дека Општина Охрид беше најзадолжена општина во државата, но со голем труд и финансиска дисциплина, успеавме да го завршиме процесот на раздолжување и да ја одблокираме сметката. Сега општината може да гради буџет на здрава основа и е подготвена за капитални инвестиции, големи проекти и користење на средствата од меѓународни фондови.

Реализиравме низа проекти за изградба и реконструкција на комуналната и сообраќајната инфраструктура. Дваесетина градски улици и голем број локални патишта добија нова функционалност, симболизирајќи ја обновата на Охрид како урбана и модерна заедница. Современ лик добија улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември, а улицата „Гоце Делчев“ е во завршна фаза од реконструкцијата. Поставивме асфалт на педесетина локации во сите рурални средини, изградивме потпорни ѕидови, поставивме нови водоводни линии и системи за отпадни води. Го ставивме под контрола урбанистичкото планирање и завршивме илјадници предмети за легализација кои беа заглавени со години.

Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека се тие камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани.

Во насока на обезбедување на подобри услови за спортскиот развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.

Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, како нови содржини кои ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона.

Почитувани,
Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина на Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...