18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКазни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто...

Казни за Детска клиника и за директорот Мемеди бидејќи не образложиле зошто е одбиен прием на седуммесечното бебе кое почина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Казна за Детската клиника и директорот Реџеп Мемеди, поради тоа што не издале писмено образложение зошто е одбиено седуммесечното бебе кое почина на 15. декември, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото дете, и заклучиле дека истото било донесено на 9. декември поради висока температура и осип по телото. Првично биле прегледано, и упатено е на дополнителни испитување, по што е препишана терапија и испратено дома.

<

Потоа на 11. декември повторно било донесено на Клиниката, и хоспитализирано на Одделот за неврологија. Му се направени повеќе испитувања, а два дена подоцна трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија. По стабилизирање на состојбата, одново вратено во неврологија, каде престојувало неколку часа, и повторно вратено на интензивна, каде биле направени дополнителни прегледи, кои укажале на тешка општа состојба, па така во вечерните часови на 15. декември завршува со егзитус, велат од Инспекторатот.

Изминатиов период имаше уште три смртни случаи на деца на Клиниката за детски болести. Почина 14-месечно девојче, за чија смрт беа суспендирани две медицинска лица. Потоа почина бебе старо 8 дена од Струмица, а почина и петгодишно девојче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...