16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние...

Ахмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние да бидеме слуги

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме вистински ветинг, додека имаме селективно судство што не врши функција според законите, туку нештата ги гледа од која етничка припадност доаѓаш, упатувам порака без оглед на политичката чистка и бурите што ги прават, дека ДУИ е ураган, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на вечерашниот традиционален новогодишен прием.

<

Во обраќањето, Ахмети посочи дека меѓуетничките односи се клучот за иднината на земјава и дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба подеднакво да работат за граѓаните, бидејќи „оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година кога се отстранија албанската и турската заедница“.
Охридскиот мировен договор е она што прекина трагедии и го отвори патот на дијалогот и мирот. И ние не сме пишман што го прифативме договорот и го потпишавме договорот без разлика што компромисот не ги задоволува сите страни, но гарант на овој договор се ЕУ и САД. Да го ризикуваш овој договор значи враќање назад. Претставниците на нашите граѓани, без разлика дали од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, исто како нас треба да работат за граѓаните, бидејќи оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога се отстранија албанската и турската заедница. Овие пракси ниту биле, ниту се добри за мирот, стабилноста и безбедноста. Секое загрозување на Охридскиот договор е опасност, затоа што става во движење несакани опции за нас, ниту за мирот и стабилноста на регионот, рече Ахмети.

Според него, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците, истакнувајќи дека не сакаат конфликт, туку влез во Европската унија. Единственото решение за владеење на правдата е спроведување на ветинг, за кој Ахмети рече, го избегнуваат сите политички страни.

– Да користиш селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници… Единственото решение за ние да имаме правда и праведно правосудство и држава каде што преовладува законот, што обезбедува баланс на власти е ние да направиме вистински ветинг. Не знам зошто страните го избегнуваат ветингот, да се направи избор на судии и обвинители од оние кои докажале дека го применуваат законот, рече Ахмети.

Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...