18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПрв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј

Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Случај на мошне заразната болест африканска чума кај свињите вчера е детектиран на приватно стопанство во охридското село Лакочереј.

<

Станува збор за прв потврден случај на болеста во охридскиот регион.

Согласно превентивните мерки за спречување на ширењето на болеста, уништени и соодветно третирани се осум маторици и 20 прасиња од односната фарма.

Засега нема индикации за појава на болеста во селото во чиј атар има некаде околу илјада единки свиња.

Случаи на појава на африканска чума во охридско досега е региестриран само во едно од трите ловишта, со заразени единки дива свиња.

Африканската чума е високо заразна болест кај свињите, не е опасна за здравјето на луѓето, но може да има далекусежни негативни последици по стопанството оттаму што носи ограничување на извозот. Сите земји во ЕУ каде ја има болеста предвидуваат строги мерки за контрола и забрана за движење на животните од регионите каде има потврдени случаи на болеста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...