1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија загуби врвна докторка-На 62 години почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист.

Македонија загуби врвна докторка-На 62 години почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист.

spot_img

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.
Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година.

<

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...

МВР станува побогато за 497 нови полициски службеници.

Да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги...