16.7 C
Ohrid
сабота, јуни 21, 2025
ПочетнаМакедонијаИвица Томовски: Треба да се купи нов владин авион

Ивица Томовски: Треба да се купи нов владин авион

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен авион што ќе одговара на потребите на државниот врв и ќе обезбеди безбедно и економично патување за поголеми делегации, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во интервју за емисијата „360 степени“.
Како што објасни Томовски, владиниот авион „лирџет 60“, купен во 2005 година, веќе не ги исполнува потребите на државата – има само шест седишта, често се расипува и неговото одржување станува финансиски товар. Последниот дефект, кој предизвикал протекување на гориво од резервоарите, дополнително ја истакнува сериозноста на ситуацијата.

<

„Авионот редовно се одржува, но сепак е премногу стар за да ги издржи потребите на делегациите и честите патувања“, рече Томовски.
Томовски предложи набавка на нов или половен авион кој би бил не постар од две до три години и би имал најмалку 14 седишта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема повеќе возење по стариот пат: Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај.

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај. Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид ...

Силно невреме со град и пороен дожд го зафати Охрид – поплавени улици и нарушен сообраќај

Силно невреме проследено со град и обилен дожд го погоди Охрид денес попладне, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и поплави на повеќе улици во градот. Во...

Наместо казна затвор, градоначалникот Мерко треба да плати 10.000 евра, бидејќи незаконски поставувал директори !!!

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан...

Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Автобиографијата на Кочо Анѓушев е личен приказ на човек кој влегол во бизнисот пред 20 години со тоа што го слушал и учел од...