18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОтровно растение од Тексас се појави во Неготино, ако го забележите, веднаш...

Отровно растение од Тексас се појави во Неготино, ако го забележите, веднаш алармирајте велат од „Ековита”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Насловна / Локално
Објавено на: January 29, 2025
Отровно растение од Тексас се појави во Тиквешијата, ако го забележите, веднаш алармирајте велат од „Ековита”
t

<

Отровно растение кое потекнува од Америка и најчесто го има во Тексас, било забележано и во Неготино. Станува збор за Solanum elaeagnifolium, познато и како сребренолисна ноќница, кое доста бргу се ширело, а било отровно за добитокот и за луѓето.

Конзумирано во помали количини можело да предизвика дијареа и невролошки проблеми, а пак поголема количина можела да предизвика и смрт. Исто така, било погубно и за земјоделските култури и значајно влијаело врз намалување на приносот.

За растението кое било забележано во Неготино, во близина на регионалниот пат во индустриската зона, алармира здружението ,,Ековита”. Од таму појаснуваат дека се работи за растение со цветови кои цветаат од април до август, високо од десет сантиметри до еден метар, а стеблата му биле покриени со мали боцки.

Ова е прв случај сребренолисната ноќница да биде забележана во Тиквешијата, и освен во Неготино, отровното растение било регистрирано и кон влезот во Кавадарци. Во Европа од неодамна било регистрирано во Италија и Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...