Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“. Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците. Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.

Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари. „Скопје1“ поседува информации кој точно го платил уредот надвор од затворот, а засега ќе посочиме само дека станува збор за лице од блиското опкружување на Јованов. Останува отворено прашањето, како и кој го внел телефонот до затвореникот кој наплатил за да му го даде на Јованов.
Според нашите информации, Јованов од телефонот исконтактирал со неговата девојка, како и со родителите.
Скопје1