24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Македонија пронајдена машина за печатење на пари, запленети се меѓу 300.000...

Во Македонија пронајдена машина за печатење на пари, запленети се меѓу 300.000 и 400.000 евра !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија во акцијата „Вардар“ запленети меѓу 300 и 400.000 фалсификувани евра, кажа српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

<

Во Србија уапсени се шест лица членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела – фалсификување пари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Министерот Ивица Дачиќ рече дека полициските службеници на Службата за борба против организираниот криминал, во соработка со полициските службеници од С. Македонија и Европол, во рамки на големата акција под кодното име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал денеска на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) уапси вкупно шест лица.

Се вршат претреси на повеќе локации, досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.

Во претходниот период при работата запленети се околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.

„На територијата на С.Македонија запленети се меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена машина за печатење фалсификувани пари. Во тек е натамошна акција“ – додаде Дачиќ.

Македонските власти не дадоа повеќе детали, освен дека се спроведува акција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...