18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаТаравари: Ако се одземе парче земја од Косово – ќе има голема...

Таравари: Ако се одземе парче земја од Косово – ќе има голема војна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од лидерите на ВРЕДИ и министер за здравство, Арбен Таравари, во текст на социјалните мрежи ги анализира настаните што се случуваат во светската политика по доаѓањето на власт на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и состојбите на Балканот, особено на Косово, пишува Телеграф Македонија.
Таравари пишува дека дипломатијата исчезнува и дека претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД.

<

(…)

Претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД. Овие промени се еквивалентни на движењето на тектонските плочи и бидејќи САД се голема плоча, земјотресот ги опфати сите и сè.

Некои европски лидери ја доживуваат оваа динамика на начин што наликува на повик за помош до психолог“, пишува Таравари.

Таравари пишува дека Балканот е буре-барут и ако се одземе парче земја од Косово може да биде причина за голема војна.

Балканот секогаш има буре барут кое, без разлика колку има предрасуди или судење од официјална Европа, ако се запали со себе го носи не само овој континент, туку и целиот свет.

Овие нови спорови кои целосно ги нарушуваат старите баланси, до каде ќе одат, а како ќе се одразат особено на Косово?!

Сите актери кои учествуваат на овој настан треба да знаат дека: Ако се донесе неправедна одлука макар и за дел од неа, Косово ќе остане запишано во историјата како малата земја што го запали големиот конфликт и сите ќе бидеме дел од конфликтот кој може да се нарече и Третиот светски конфликт“, додава Таравари, пренесува Телеграфи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...