18.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПалчо првично мислеше да грабнеме пензиониран директор, а потоа се одлучи за...

Палчо првично мислеше да грабнеме пензиониран директор, а потоа се одлучи за жена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со сведочење на Велибор Манев, продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Манев низ денешниот распит кажа дека Палчо пукал во слепоочницата на Панче веднаш откако бил однесен во дупката, каде што требало да биде врзан со тег, и потоа таму да биде направена размена со жена околу 40 години.
Тој објасни дека после убиството на Панче Жежовски се упатиле кон Скопје, и дека го оставиле автомобилот на Панче кај Кванташки, а вечерта на барање на Палчо, тој заедно со Боре Видевски од Велес се вратиле во Скопје.

<

Манев одговара на прашања на бранителот Горан Бошевски.

Манев: Палчо првично мислеше да  грабнеме пензиониран директор, а потоа се одлучи за жена – ми покажа фотографии и не ми изгледаше на дете..

Со сведочење на Велибор Манев, продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Манев низ денешниот распит кажа дека Палчо пукал во слепоочницата на Панче веднаш откако бил однесен во дупката, каде што требало да биде врзан со тег, и потоа таму да биде направена размена со жена околу 40 години.

Тој објасни дека после убиството на Панче Жежовски се упатиле кон Скопје, и дека го оставиле автомобилот на Панче кај Кванташки, а вечерта на барање на Палчо, тој заедно со Боре Видевски од Велес се вратиле во Скопје.

Манев одговара на прашања на бранителот Горан Бошевски.

„Четвртокот ноќта повторно бевме во Скопје, за да пробаме по втор пат да ја грабнеме жената која претходно ја лоцирал Љупчо Палевски. Утрото стигнавме на местото пред зградата. Требаше по кажување и организација на Палчо, жената симнувајќи се по скалите да се бутне во сутернот на зградата надвор и таму да сме ја врзувале… Но, испадна покрај тоа што во прилог ни дојде и тоа што еден од дуќаните излезе жена, па така се одложи вториот пат гранувањето“, рече Манев.

Бошевски: Која особа плранивате да ја грабнете?

Манев: Претходно, месец и повеќе Палчо кажуваше повеќе особи за грабнување една ја запамтив директор пензионер. После тоа се одлучи на жена, на 40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевскиве куќи. Пред да се случи самото грабнување, 10-тина дена претходно ја следел, така ми каживаше, да ги види навиките, каде излегува, каде оди, каде работи, и наводно ја сликал со телефон. Цело време ни ги покажуваше сликите на жената, на телефонот, навистина изгледаше на 38-40 години. Дали беше фотошопираа или не, не можам да кажам. Навистина староста не беше за дете.

Бошевски: Кој датум го извршивте грабнувањето на женското лице?

Манев: Тоа беше 27-ми понеделникот, на третиот обид за грабнување. 27.11

Бошевски: Од каде трганавте во Скопје до зградата од каде е грабнато женското лице?

Манев: Во текот на викендот, Палчо и уште една личност, возилото на Панче го пренесуваат возилото во Радишани. Потоа не однесе сите таму на 27.11 во Радишани и не остави со Кангут. Не остави тројцата мене, Боре и Влатко Кекишев. Таму го зедовме возилото и тргнавме кон зградата за грабнување.

Бошевски: По кои улици се движевте?

Манев: По снимките секаде не има, со колите како се дивижиме, Палевски се движи пред нас, а ние во возилото на Панче.

Бошевски: Како комунициравте со другите обвинити?

Со мотрола, Влатко, Палчо и јас имавме мотроли.
Извор:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...