20.9 C
Ohrid
петок, јуни 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОрбан: Србија и Македонија уште утре да се примат во ЕУ, а...

Орбан: Србија и Македонија уште утре да се примат во ЕУ, а не Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „Јуроњуз“.

<

Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ бидејќи, според неговите зборови, тоа „ќе ја уништи унгарската економија. Наместо да ја прима Украина, унгарскиот премиер се залага Унијата да овозможи побрз пристап за земјите од Западен Балкан.


-Србија би можела да биде примена во Европската унија уште утри и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја. Северна Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија – изјави Орбан.

Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме со град и пороен дожд го зафати Охрид – поплавени улици и нарушен сообраќај

Силно невреме проследено со град и обилен дожд го погоди Охрид денес попладне, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и поплави на повеќе улици во градот. Во...

Наместо казна затвор, градоначалникот Мерко треба да плати 10.000 евра, бидејќи незаконски поставувал директори !!!

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан...

Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Автобиографијата на Кочо Анѓушев е личен приказ на човек кој влегол во бизнисот пред 20 години со тоа што го слушал и учел од...

Спиеја покрај мене… гушкајќи ги своите училишни чанти. Мислеа дека одат во Лондон.“

Спиеја покрај мене… гушкајќи ги своите училишни чанти. Мислеа дека одат во Лондон.“😢💔 Д-р Џ.П. Џоши се расплака кога се присети на последната ноќ што...