24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаОпштина Охрид ќе донира 1 милион денари за настраданите во пожарот во...

Општина Охрид ќе донира 1 милион денари за настраданите во пожарот во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одлуката едногласно ја донесоа советниците на денешната вонредна седница. Охрид сочувствува и е солидарен со семејствата на починатите и повредените во оваа голема трагедија и ова е најмалку што во овој момент може да се направи, истакна Грaдоначалникот Пецаков.

<

Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница едногласно донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани. 55-тата седница започна со едноминутен молк во знак на почит за 59-те загубени млади животи во трагичниот пожар.

Пожарот во дискотеката во Кочани е една од најголемите трагедии кои се случиле во Македонија и изразувам сочувство, солидарност и поддршка не само со семејствата на починатите туку и желба за побрзо оздравување на сите оние кои што беа повредени во пожарот. Охрид како град најмалку што може да направи е оваа финансиска помош која денеска Советот ја изгласа и секако дека не само институционално туку и поединечно според можностите би помогнале во процесите кои понатаму ќе следат, а се потребни за поддршка на градот Кочани.“ – кажа Кирил Пецаков – Градоначалник на Охрид.

Финансиската поддршка е од резервите на општината, а дел во износ од 200 000 ден се обезбедија со пренамена од програмата за култура.

„ Во договор со ИВЗ со која Општина Охрид традиционално организира Ифтарска вечер, се договоривме минатата недела, оваа година да нема организација и дел од средствата кои беа за тоа наменети се пренаменија и се дел од оваа поддршка.“ – кажа Пецаков.

Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...