20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков до СДСМ: Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа...

Пецаков до СДСМ: Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од вашата партијата -Во мојот мандат се донесени само ДВА урбанистички планови !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По однос на “reels„ – от од СДСМ Охрид👇

<

Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид.

За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете пред граѓаните и да си признаете дека сите локации каде во моментов се гради, се дел од урбанистичките планови кои вашите раководства на Општина Охрид, ги изработиле и одобриле. Исто така граѓаните треба да знаат дека од моето доаѓање на местото градоначалник до овој момент се донесени само два урбанистички планови од кои еден се однесува на индустриска зона Лескоец.

Почитувани господа од СДСМ, кабаетот за девастацијата на Охрид е ваш, како што е ваш и за оттуѓувањата на државни земјишта за да им угодите на бизнис партнерите, за кои локации сега морализирате и се обидувате да се исперете од нечистотиите во минатото.

Општина Охрид под мое раководсво ќе продолжи да се бори против вашите штетни одлуки од минатото за Охрид во интерес на граѓаните.

Обидите за манипулација на јавноста за ситни политички поени се препознани од граѓаните. Вие сте веќе прочитана книга.

П.С. За сите слики кои беа предмет на објава на СДСМ „reels“ партијата, го повикувам претседателот на СДСМ Охрид, Асен Шајн, на кој сака медиум во кој и да било ден и час, да поразговараме со факти за оваа тема, но и за било која друга тема која е во интерес на јавноста, а се однесува на Општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...