20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВо кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе...

Во кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. Пресметката ќе се вика „просечна потрошувачка кошничка“. Што точно содржи засега не се знае, но се знае што нема да влезе во математиката. Место во кошницата ќе нема за цигарите, алкохолот, вонсезонското овошје и одмор во странство. Тоа, според заменик министерот за економија е луксуз.

<

„Сигурно нема да се користи во пресметките акцизна стока како што се алкохол, цигари, летување во странство и така натаму, бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Или пак, овошја коишто не се карактеристични за одредена сезона во годината. Сето ќе биде врз база на релевантни податоци од цените од релевантни производи коишто се користат сезонски, меѓутоа и податоци земени од повеќе маркети. Ниту ни служи за креирање на јавно мислење, ниту за политика, туку за нас да ни даде насока како во иднина ќе ги спроведуваме сите економски политики во заштита на стандардот на граѓаните на Република Македонија“ – Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд

Кошничката ќе биде разгледана на економско-социјалниот совет и таму треба да добие зелено светло од синдикатите и работодавачите.

Во меѓувреме, до крајот на месецот важат замрзнатите цени и ограничените маржи на над илјада производи. Мерките дадоа резултат и ја зауздаа инфлацијата. Дел од маркетите кои не ја почитувале одлуката се соочуваат со високи парични казни, а за поголеми прекршоци може да добијат и клуч на врата.

Инаку од следната недела сите маркети на интернет ќе мора да ги објават цените на сите производи и со тоа граѓаните ќе можат да споредуваат и да одберат од каде ќе пазаруваат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...