24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаБогојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни...

Богојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни информации и материјали против него

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петар Богојески ќе отпочне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и „одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на дуи и сдсм“.

<

Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети.

Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности.

Потенцирам дека во претходните неколку денови беа креирани серија на лажни профили со мој идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што јас навремено, јавно информирав. Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи“, вели Богојески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...