26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСо водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадат во...

Со водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадат во Кочани кои донираа ново возило и опрема.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадата кои на Доброволното противпожарно друштво во Кочани му донираа ново возило и опрема. Возниот парк на волонтерите пожарникари се зголеми на шест, од кои сега имаат четири противпожарни камиони. Ова е единственото возило за кое не е платено данок од страна на Доброволното противпожарно друштво, целиот трошок и процедура ја имаат истуркано токму хуманите луѓе од Германија. Законите не ја препознаваат хуманата дејност на волонтерите пожарникари при интервенции на пожари и елементарни непогоди, ниту пак при добивање на вакви донации.

<

Интервентната доброволна противпожарна единица на Кочани брои 25 волонтери. Формирани се пред четири години по големиот пожар на Илинден. Нивните камиони и опрема се во истиот круг со Територијалната Противпожарна единица Кочани која, пак, брои само 16 пожарникари, чија просечна старот е 48 или 49 години. Оваа единица кои ги гасне пожарите во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци има и стар возен парк, најновиот камион им е од пред 15 години.

Во оваа Противпожарна единица треба да има 32 пожарникари, во моментов функционира со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство. Кочанските пожарникари и волонтерите пожарникари на терен заеднички ги гаснат пожарите и се едни од ретките во земјава, кои соработуваат и не сметаат за конкуренција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...