19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаФФМ ѝ ја намали казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од...

ФФМ ѝ ја намали казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новиот македонски шампион Шкендија соопшти дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ ја намалила казната која беше изречена поради скандалозниот потег на домашените навивачи кои не ја испочитуваа минутата молк по трагедијата во Кочани.

<

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ реши да ја казни тетовската екипа која требаше да игра без присуство на публика на следните пет меча, но Шкендија извести дека навивачите ќе можат да присуствуваат на последниот меч кога ќе ја прослават титулата.

„По одлуката на Дисциплинската комисија по мечот против Брера, каде што група навивачи не ја почитуваа минутата молчење пред почетокот на натпреварот, нашиот клуб беше казнет со играње пет натпревари без публика. Оваа санкција значеше завршување на сезоната како домашен тим без навивачи на трибините. Сепак, по поднесената жалба од Шкендија, Комисијата за жалби при ФФМ одлучи да го прифати нашето барање со ублажување на дисциплинската мерка, казната е намалена од пет на четири натпревари без публика“, соопшти Шкендија.

Шкендија во последниот меч од сезоната го пречекува Силекс на 18 мај од 17 часот во Тетово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...