19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаБитола ќе добие Факултет за медицина

Битола ќе добие Факултет за медицина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата ја разгледа и усвои информацијата за потреба за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

<

Формирањето на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола претставува стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Новоформираниот факултет ќе има задача да биде правен наследник на Високата медицинска школа, каде освен тригодишни студии ќе може да се акредитираат четиригодишни студиски програми по медицински сестри и акушерки.

Од Владата велат дека имајќи го предвид фактот дека е потребно време да се испочитуваат мислењата од сите надлежни институции, како на пример да се разгледа проектот за основање на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола од страна на Одборот за акредитација на високото образование, да се донесе закон за основање, и да се испочитува членот 149 од Законот, каде е наведено дека запишувањето на студии се врши врз основа на јавен конкурс кој го објавува универзитетот, односно самостојната висока стручна школа кој ги реализира студиите најмалку пет месеци пред започнувањето на наставата, Министерството за образование и наука предложи Факултетот за медицински науки и здравство да отпочне со работа од студиската 2026/2027 година, а во меѓувреме да се завршат сите постапки согласно Законот за високо образование.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...