19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОд Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30...

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе значи многу за Македонија и во делот на политика и во делот на економија.

<

Во своето гостување во централниот Дневник на Сител телевизија, Николоски истакна дека во моментов Владата има подготвени проекти за околу две милијарди фунти, што би било околу 2,2 – 2,3 милијарди евра и тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме во периодот кој што следи пред нас.

„Првиот голем проект е брзата железница, односно брзата пруга на Коридорот 10, која што треба да оди од Табановце до Гевгелија, односно од границата со Србија до границата со Грција. Ќе се користи постојната рута, односно ќе се оди по рутата од Табановце која поминува покрај Куманово, влегува во главниот град Скопје, оди до новата железничка станица и надолу се спушта по реката Вардар и ја користи долината на реката Вардар, поминува Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и излегува на границата со Грција.

Со тоа што, тоа нема да биде обична реконструкција на пругата во смисла се вадат старите пруги, се ставаат нови пруги, туку ќе е една целосно нова линија со два колосеци. Ние во моментов имаме линија која што е со еден колосек и која што е за жал во очајна состојба“, рече Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...