19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЉубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски се појави пред Основниот суд во Битолa како сведок во случајот против екс-претседателот на сега веќе избришениот клуб „Културен центар Иван Михајлов“, Љубчо Ѓоргиевски.

<

Георгиевски посочил дека самиот понудил да сведочи во случајот откако станало јасно дека „во овој случај ѝ се суди и на историската личност Иван Михајлов“.

Лидерот на ВМРО-Народна истакнал дека „Михајлов не бил фашист, ниту антиевреин, дека не бил осуден ниту во Кралството Југославија, ниту во Република Македонија, ниту во Италија, каде што живеел во последните години од својот живот“.

Тој посочил дека неговата желба да сведочи е поради, како што вели, двојниот стандард на Обвинителството да го суди Михајлов за нешто што се случило пред 80 години, додека во исто време во Македонија се одбележуваат настани од српската окупација и тоа не предизвикува реакција“.

На Ѓоргиевски му се суди за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Случајот против него започна во јули 2023 година.

Клубот „Ванчо Михајлов“ беше избришан од Централниот регистар во март 2023 година откако Министерството за правда одлучи дека името на клубот ги повредува националните чувства на Македонците, поради соработката на Михајлов со фашистичкиот окупатор. Од Централен регистар тогаш рекоа дека клубот не го усогласил името со измените во Законот за здруженија и фондации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...