26.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаДрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

<

-Кога објавувам дека овие бандити не бираат средства да избегаат, дел од граѓаните во коментари на моите објави се потсмеваат.

Жалното во приказната е тоа што истите овие кои го направија ова, секојдневно ја уништуваат природата во прилепскиот регион.

Жалното е тоа што и покрај тоа што ги имаме фаќано безброј пати, тие повторно се на слобода и повторно и повторно го прават ова.

Апелирам до судот и обвинителството да носат ригорозни мерки за овие бандити и да не го чекаме моментот да ни биде повреден или недај Боже да ни загине некој колега, па дури тогаш да се освестиме.

И покрај сите предизвици, назад нема.

Нема ниту милиметар да отстапиме од борбата со криминалците, а одговорност ќе има за сите – стои во објавата од Михаилов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...