20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате...

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за внатрешни работи Тошковски.

<

Ни вети дека ќе биде претседателка на сите граѓани, дека ќе биде мајка за сите граѓани. Тоа што го вети не излезе така. Само се фати за столот и ја снема. Сега едно ќе те прашам тебе, мајко моја, званична маќео, ми пушти писмо, за три дена ме најде мене по кое ме заборави за 24 часа. Мајко моја, маќео да видиш македонски народе на што личи ова. Нема никаков потпис од нашата мајка. Дали не ти е срам, овој збор -мајка ги прелажа сите. Вие излеговте едно големо ла.но”, рече изреволтираниот родител кој го искина писмото од претседателката какво што добиле и другите родители.

Тој покажа писмо и од премиерот Мицкоски.

,, Се нарекува патриот, маж се нарекува Мицкоски. Ова не е твој потпис. Не ви е ли срам, вие имате ли деца. Нека ви се живи и здрави. Но сите вие од прв до последен знајте, 63 жртви се, 63 дена душа ќе ви излегува низ га.от.Јасно ли ви е. Јас лично ти викам да дојдеш во Василево пошто се правиш патриот и се правиш маж”, рече таткото на загинатиот тапанар од ДНК кој го искина писмото и од Мицкоски пред присутните, кои извикуваа „кукавица”.

„Ти си големо ла.но и јас ќе ти покажам кој е поголем маж. Каде беше кога се пукаше кога во Југославија? Каде беше кога се пукаше во Македонија. Јас бев на граница”, изјави таткото кој рече дека не им се плаши, иако му се закануваат дека многу зборел, иако го следат посочувајќи со какво возило.

,, Дали не ви е грев, вие да дојдете денес тука до нас, да запалиме свеќа”, рече иставајќи и 2.000 денари на претседателката со нив да дојде во Кочани и да запали свеќа.

На министерот Тошковски му забележа дека има полицајци кои само кафиња пијат, а тие во Струмица не знаеле колку се два и два.

Децата, рече ќе бегаат од државата и порача вие не сте способни Влада да водите.

,, Јас ќе ви кажам кога да си дадете оставка, а вие бирајте го месецот.Нашите деца на 16 ти загинаа. На 16 ти вие тројца да си дадете оставка, а вие изберете го месецот.Вие немате срца”, рече револтираниот родител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...