24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со порака да го искористат летниот распуст за одмор, игра, читање и развивање нови вештини.

<

Во своето обраќање, Јаневска потенцираше дека, покрај заслужениот одмор, учениците не треба да заборават на читање книги, здружување со пријателите и користење на компјутерот за истражување. „Летото е време и за забава, и за учење – проширете ги хоризонтите со нови знаења“, порача министерката.
Честитки добија и наставниците, кои, според Јаневска, се „столбот врз кој го градиме квалитетниот воспитно-образовен систем“. Таа нагласи дека платите им се зголемени за над 12 отсто и дека условите во училиштата постојано се подобруваат.

Посебна благодарност упати и до родителите и старателите, кои се „нашите партнери во образованието“ и без чија поддршка не е возможен напредокот на секое дете.

Министерството за образование и наука, најави Јаневска, продолжува со низа реформи:

изработка на нова Стратегија за образование;
воведување едносменско работење и продолжен престој во што поголем број училишта;
подобрување на инфраструктурата;
ревизија и надградба на наставните програми и учебниците;
забрзување на процесот на дигитализација.
Во тековната учебна година, Министерството обезбеди учебници за предмети каде недостасуваа, усвои клучни закони и, во соработка со општините, ја зајакна безбедноста и инклузивноста во училиштата. За наредната 2025/2026 година, Јаневска порача дека очекува уште поголеми заложби за на децата да им се обезбеди образование какво што заслужуваат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...