Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со нејзиниот сопруг.
<
Семејството живеело заедно во Швајцарија, а според првичните информации, трагедијата се случила ноќеска. Причините и точните околности под кои дошло до трагичниот настан засега се нејасни.
Случајот е под истрага од швајцарските власти, кои треба да утврдат кој ја предизвикал трагедијата и дали се работи за семејно насилство со фатален исход. Според неофицијални информации, сопругот ја признал вината пред властите и кажал дека тој го извршил грозоморниот чин.