27.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаОва го нема ни во Африка: Жителите на Велешко Горно Оризари сами...

Ова го нема ни во Африка: Жителите на Велешко Горно Оризари сами си асфалтирале три улици..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жителите на Велешко Горно Оризари асфалтираа три улици во ова населено место во должина од 800 метри со вкупна површина од 4076,6 метри квадратни, и тоа со сопствени средства.

<

Проекот го реализира Месната Заедница со потрошени 48.200 евра, парични средства собрани од жителите на Горно Оризари и нивни сожители во дијаспората и со работна рака и ангажирање на жителите од селото.

Како што информира за МИА Енвер Карталовиќ, претседател на месната заедница, целта на овој проект е да се овозможат подобри услови за живот на жителите од ова населено место.

Инаку, претходно на крајот на март тие со сопствени средства и работна рака ги проширија и асфалтираат патот од Железничкиот премин се’ до влезот во селото изградија и потпорен ѕид и ивичници на патот, кој со години беше тесно грло, преку кој поминуваат и жителите на уште неколку велешки села. За овој проект издвоија сопствени 15.750 евра собрани од нив и нивни сожители од дијаспората.

Пишува: Вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...