Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, јавно се извини за пропустот и рече оти го разбира гневот на пливачите, кои мораа да се вратат од Токио.
Полскиот олимписки тим, по грешка, испрати повеќе пливачи за Игрите во Токио, па шестмина од нив само што пристигнаа во јапонската престолнина мораа да се вратат дома.
Полска првично испрати 23 пливачи за претстојните олимписки дисциплини, но мораше да го редуцира нивниот број на 17 поради правилата за квалификации на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, јавно се извини за пропустот и рече оти го разбира гневот на пливачите, кои мораа да се вратат од Токио.
– Изразувам големо жалење, тага и горчина поради ситуацијата. Такво нешто не смееше да се случи. Реакциите на пливачите, нивните емоции и критиките на адреса на Пливачката федерација се разбирливи и оправдани – истакна Сломински.