12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЈончова: Да се подобри инфраструктурата во селата за младите да работат земјоделство

Јончова: Да се подобри инфраструктурата во селата за младите да работат земјоделство

spot_imgspot_img

Како да се зголеми ангажманот на младите во земјоделството и што им е неопходно беа дел од прашањата на кои разговараа триесетина претставници на институции, здруженија и поединци на дебатата во резиденцијата на Европската Унија во Скопје

Ванчо Андов е млад човек од Струмица, дипломиран програмер кој пред една и пол година го напуштил ИТ-секторот и целосно се посветил на дотогашното хоби – пчеларството.

– Дотогаш работата ми беше врзана со компјутер. Се случуваше да завршам со работа, да направам мала пауза, па да продолжам уште неколку часа работејќи на друг проект. Пчеларството прво беше релаксација, да излезам во природа. Сега ми е главна дејност. Произведувам мед, матичен млеч и други производи. Пчеларството е многу подоходовна гранка од земјоделските производи зашто медот не се расипува. Тоа е огромна предност и за одржување на цената на производите – објаснува Андов.

Зоран Богоев од Кочани вели дека од дете чувал животни. Пред 3-4 години се насочил кон одгледување пчели. Многу му помогнала обуката што ја завршил лани. Тој познава многу млади што почнуваат да се занимаваат со пчеларство, а дури половина од нив се жени, што порано било невообичаено.

Магдалена Јанчова е инспиративна млада жена од виничкото село Грљани. Нејзиното семејство произведува мед и други производи од пчели, продукти од козјо млеко, а се занимаваат и со хортикултура. Таа е магистер по фармација и се наоѓа на крстопат дали да продолжи со оваа професија или целосно да му се посвети на семејниот бизнис.

– Ми се останува на село, да продолжам со она во што моето семејство го вложи сиот свој живот. Но, треба да сме свесни дека условите се различни во секое место. Некаде има, некаде нема инфраструктура. Има села со многу лоши услови за живот, без вода, со нестабилна струја. Новите машини не поддржуваат слаба струја и се неупотребливи. Овие нешта државата мора да ги среди, не зависат ниту од младите ниту од земјоделците – вели Јанчова.

Таа апелира институциите да им овозможат на младите подобри услови за да сакаат да останат на село. Нејзиното семејство ги обработува нивите на други луѓе. Бидејќи немаат земјиште на свое име, не можат да користат субвенции од државата.
Директорот Бачовски објасни дека со договор за закуп на земјиште може да се пријават за субвенции. Со новите измени во легислативата, предност во давањето земјиште под концесија ќе имаат локалните жители, а младите до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање надомест за користење државно земјиште во првите три години. Бачовски вели дека во последните три години за три пати се зголемени субвенциите за одгледување пчели.

Секоја година доделуваме грантови за млади земјоделци од 10 до 20 илјади евра. Ние сме мала држава, но 65 отсто од хранатa во светот ја произведуваат малите земјоделци. Многу е важно земјоделците да се насочуваат и кон преработка на своите производи, од млеко – сирење, од грозје – вино, бел, прочистен ориз наместо арпа – вели Бачовски.https://nezavisen.mk/da-se-podobri-infrastrukturata-vo-selata-za-mladite-da-rabotat-zemjodelstvo/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...