15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи, ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

<

За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.

„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.

Според него програмата на ВМРО–ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...