По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се враќаат дома. Станува збор за 24-годишната Ангела Бошковска и за 23-годишниот Андреј Георгиев, кои во петокот (06.06) ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во Македонија.
<
Седумнаесет пациенти беа примени на 16 и 17 март со повреди здобиени вопожарот во дискотеката во Кочани. Сите беа згрижени и лекувани во Ургентниот центар во Белград.
На лекување во странство и во домашните болници има уште 10 пациенти од пожарот во Кочани, од кои еден е во тешка состојба