21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаВреме е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит...

Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит Агатангел

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски †Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“.

<

Според него, Европа одамна ги напушти своите темелни вредности и денес е заложник на шовинизми и корупција. „Европа на Хегел и Кант се претвори во Европа на Каравангелис и Живков. Наместо прогрес, ни нуди потчинување и омаловажување“, вели тој.

Тој ги повикува и властите и опозицијата, како и целокупниот македонски народ – дома и во дијаспората – на обединување и активна одбрана на националното достоинство.

„Доста беше молк и криење. Секој што има јавна функција мора да расчисти со злото од минатото и да работи за иднината. Македонија може да се извлече од оваа ситуација само со јасна визија и храброст. Само така ќе изградиме пат кон достоинствена иднина“, порачува митрополитот и додава:

„Само храбро, македонски народе! Бог ги штити оние што се борат за вистината и слободата. Време е да го подигнеме гласот против неправдата и да си го исчистиме сопствениот двор.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...