Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, доби вредна донација во медицинска опрема и апарати која е обезбедена од нашите пријатели од Швајцарија.
Се радувам што оваа донација, која се состои од современа медицинска опрема и помагала, претставува плод на една успешна соработка која е беше иницирана лично од мене и преку моите контакти.
Јас како градоначаник и Општина Охрид како одговорна локална самоуправа, иако немаме директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, секогаш се трудиме да бидеме партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните.
Упатувам благодарност до донаторите од Швајцарија за нивната хуманост и подготвеност да придонесат во унапредување на медицинските услови во нашиот град и секако до менаџерскиот тим на болницата „Свети Еразмо“, кој ја препозна важноста на овој проект и со својот професионален пристап и соработка, придонесе оваа донација успешно да се реализира во целост.
Општина Охрид и понатаму останува отворена и активно вклучена во сите иницијативи и проекти кои носат бенефити за граѓаните, верувајќи дека само преку партнерство и посветеност можеме да изградиме посилна, поздрава и посолидарна заедница и да обезбедиме подобри услови за нашите граѓани во сите сегменти на општественото живеење.