22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Свети Николе поставено велигденско јајце високо три метри (ФОТО)

Во Свети Николе поставено велигденско јајце високо три метри (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Градскиот плоштад во Свети Николе по повод претстојниот празник Велигден денеска беше поставено големо велигденско јајце. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека на големото јајце има мотиви од црквата „Свети Никола” и заштитникот на градот Свети Никола и овчеполието.

<
Свети Николе има велигденско јајце високо три метри (ФОТО)

– Главни „виновници” за ваквото грандиозно дело со висина од три метри, ширина од два метра и тежина од 600 килограми се нашите сограѓани, Иле Панајотов, кој со математичка и професионална изработка го изработи велигденското јајце. Магијата претворена во уметност беше во рацете на Маја Ефтимова Стојанова и целиот тим зад неа од надарени, неуморни, мотивирани, посветени луѓе – Иле Михајловски и Сања Накова, ликовните уметници Биљана Трајанова и Бојан Тосевски – рече Велковски.

Тој истакна дека граѓаните на Свети Николе се гордеат со трудот и креативноста на тимот, што го разубави градот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...