4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаНад еден милион Македонци во 2018-та биле во Грција и оставиле 155,3...

Над еден милион Македонци во 2018-та биле во Грција и оставиле 155,3 милиони евра

spot_img

Во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017.

Доколку се направи споредба од годишните извештаи на Банката на Грција за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава. Од 2015 до 2018, за два и пол пати е намален бројот. Пред четири години, Грција ја посетиле над три милиони туристи од Македонија.Image result for богородица гераница

Поконкретно:

2015 година – 3.023.100 туристи

2016 година – 1.721.100 туристи

2017 година – 1.571.500 туристи

2018 година – 1.187.200 туристи.

Намалување се забележува и во бројот на ноќевања. Во текот на 2018, регистрирани се 155.258.000 ноќевања на туристи од  Македонија, 13,6 отсто помалку во споредба со 2017, кога имало 179.696.900 преноќувања на туристи од земјава.

Туристичкиот профит за Грција од туристите од Македонија, за 2018 достигнува 155,3 милиони евра, 13,6 отсто помалку во споредба со 2017.

Во 2015 кога бил регистриран и најголем број туристи од земјава што ја посетиле Грција, приходите за јужниот сосед достигнале до 247 милиони евра.

Во годишниот извештај од Банката на Грција, детално се објавени статистичките податоци за туристички пристигнувања според земјата на потекло на туристите, бројот на ноќевања според земјата на потекло, како и туристички приходи за Грција. Вклучени се земјите членки на ЕУ од евро зоната (Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Кипар), земјите што се вон еврозоната (Данска, Обединетото Кралство, Шведска и Бугарија) и други, останати земји (Швајцарија, САД, Република  Македонија и Русија).

Во однос на општата слика, во 2018 за 9,7 отсто е зголемен бројот на туристички пристигнувања во споредба со 2017. Минатата година, биле регистрирани 33.072.000 туристи во Грција, објави МИА.

Најбројни биле туристите од Германија, 4.381.400, а со тоа, минатата година, Грција од нив имала и најголем профит 2961 милиони евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...