17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаДокторите во Прилеп и рекле не ти е ништо ќе ти помине-...

Докторите во Прилеп и рекле не ти е ништо ќе ти помине- Но во “Жан Митрев клиниката” и извадиле 6 килограми тежок тумор

-Пациентката дојде на преглед поради болки во пределот на стомакот. За тоа била на лекар во Прилеп каде што и било ординирано терапија за желудник но бидејќи тегобите не и поминувале дојде на преглед во нашата клиника поради тоа што претходно јас сум го оперирал нејзиниот зет од сестра. Веднаш на прегледот се забележа дека се работи за голем абдоминален тумор–вака го започнува објаснувањето на случајот кој минатата недела го забележавме во нашата клиника Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Навидум без некои сериозни индикации, без специфична болка туку со мали и нередовни тегоби 49 – годишната пациентка од Прилеп ги поминала сите доктори во својот град за да и кажат дека не боледува од ништо и дека нема ништо несекојдневно во своето тело. На инсистирање на својот сопруг дошла на преглед во нашата клиника по што следувал шокот од она што нашиот тим лекари на чело со Хаџи-Манчев го констатирал.

– Немав некои посериозни болки но понекогаш имав некакво боцкање во пределот на дијафрагмата при наведнување. Работам како шнајдерка, но и земјоделство без никаков проблем. Имам супер апетит, немам никаков стрес и си живеам нормален живот. Од матичната докторка не добив никакви предупредувања дека нешто сериозно ми се случува но по инсистирање на мојот сопруг сепак дојдов на проверка, преглед, во клиничката болница „Жан Митрев“. По прегледот од докторот следуваше шокот за мене и за моето семејство. Сознанието дека во моето тело имам тумор околу 5 килограми одекна во моите уши како силен тресок кој буквално ме бутна во кревет. Не можев да се освестам што чув но немаше време за паника, сожалување ниту пак за размислување што да се прави. Туморот беше толку голем што бараше итна операција која тука докторите ја спроведоа беспрекорно. Јас и сè уште сум во бунило што се ми се случи но голема благодарност до целиот тим на клиниката „Жан Митрев“ за тоа што ми го спасија животот–раскажа нашата пациентка која сега по операцијата е видно изморена но сепак многу смирена, спокојна.

Д-р Хаџи-Манчев дообјаснува како поминала целата процедура од дијагностицирање на состојбата па се до оперативниот зафат.

– Веднаш се направи компјутер на стомакот и се виде дека се работи за голем цистичен тумор со најверојатно потекло од десниот јајник. Бидејќи туморот беше премногу голем на пациентката и се предложи веднаш оперативен третман поради опасноста од евентуално негово пукање. После два дена од дијагностицирањето се влезе во сала и се направи отстранување на туморот заедно со десниот јајник. Препаратот е со тежина некаде околу 5-6 килограми и е испратен на патохистолошка обработка. Специфицноста е во тоа што пациентката воопшто не била препозната дека има туморозна форамција во абдоменот иако била на преглед во матичниот град. Брзата и ефикасна дијагноза како и брзиот третман беше полн погодок кај овој човечки живот кој не се знаеше како ќе заврши доколку не се обратеше кај нас. Пациентката е добра и веќе е на домашно лекување постепено враќајќи им се на секојдневните работи – објаснува Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Текстот е целосно превземен од порталот на болницата со нивна дозвола исто како и фотографиите . Пациентката засега не е расположена јавно да зборува за случајот.

извор : zcm.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...