27.9 C
Ohrid
понеделник, август 8, 2022
Македонија Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Нема гаранции дека овој јуни ќе има датум за отпочнување преговори. Евроамбасадорот Жбогар како една од причините го наведе фактот дека Унијата се соочувала со многу надворешни и внатрешни предизвици. Тука се европските избори, формирањето нова комисија како и избор на нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Од друга страна пак порача дека на Северна Македонија и било потребно единство на политичарите.

– Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни бидејки тоа е одлука на земјите членки. По неколку изборни циклуси во последните неколку години кои ја поделија земјата, време е политичарите и политичките партии да ги остават партиите настрана, без разлика дали се идеолошки, етнички или лични. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат преговорите, второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии, и тоа е нешто што го очекуваат од вас и граѓаните, кажа Жбогар.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here