Нема гаранции дека овој јуни ќе има датум за отпочнување преговори. Евроамбасадорот Жбогар како една од причините го наведе фактот дека Унијата се соочувала со многу надворешни и внатрешни предизвици. Тука се европските избори, формирањето нова комисија како и избор на нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Од друга страна пак порача дека на Северна Македонија и било потребно единство на политичарите.
– Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни бидејки тоа е одлука на земјите членки. По неколку изборни циклуси во последните неколку години кои ја поделија земјата, време е политичарите и политичките партии да ги остават партиите настрана, без разлика дали се идеолошки, етнички или лични. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат преговорите, второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии, и тоа е нешто што го очекуваат од вас и граѓаните, кажа Жбогар.