18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНаместо косилка за трева -Овци ја пасат тревата на тетовскиот стадион (ФОТО)

Наместо косилка за трева -Овци ја пасат тревата на тетовскиот стадион (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стадо домашни животни овци на тревникот од игралиштето на стариот градски стадион во Тетово и заклучена врата е причината денес тренинг да не одржуваат фудбалерите на ФК Љуботен.

<

Овој клуб редовно се соочува со вакви услови за работа, иако пред само четири дена како што извести МИА, како најстар фудбалски колектив стар 100 години и офоремен 1919 година стана дел од меѓународен сојуз на најстари фудбалски клубови во светот.

-Наидовме на заклучена врата, а стадионот служеше за напасување на добиток. Покрај тоа што секојдневно се среќаваме со слични проблеми за време на тренинзите кои звучат банално : како напасување на крави, кози , авто школа на атлетска патека и ред други работи за кои не им е место да се објават, денеска преку ова не може да не реагираме. Ги замолуваме градските власти да реагираат бидејќи овој стадион се користи исклучиво за тренинзи на млади категории на сите клубови во градот. – велат од ФК Љуботен.

Спортистите и спортските работници реагираат дека ваквата состојба последниве години кулминира и се повеќе стадионот се уништува и е недостапен за нив. Павле Симовски, поранешен атлетичар потсетува дека не било секогаш така.

-На овој стадион некогаш гостуваа Динамо, Хајдук, Партизан, Црвена Звезда, Олимпија, Железничар, (ФК Тетекс во прва и втора југословенска лига)… А денес – денес тревата се коси на природен начин, со пасење на овци. – вели Симовски.

Овој фудбалски терен е од големо значење за клубовите во градот. Покрај првите екипи и младинските категории имаат потребе од терен за подговтовки, градот брои два прволигаши Шкендија и Ренова, второлигашот Тетекс и Љуботен во третата лига запад.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...